Многу бизниси денес ја градат својата онлајн комуникација преку Facebook, Instagram, TikTok, LinkedIn или други социјални платформи. И тоа е сосема логично. Зошто?
Па таму сме, таму се купувачите. Таму се случува вниманието. Таму најбрзо се објавува нов производ, промоција, фотографија, кратко видео, акција или порака до публиката.
Социјалните мрежи се одлични за видливост, комуникација, интерес и секојдневен контакт со потенцијалните клиенти.
Но има една важна работа што многу бизниси ја забораваат: Социјалните мрежи не се ваш терен.
Вашиот профил е таму, но правилата не се ваши. Досегот не е целосно ваш. Алгоритмот не е ваш. Форматот не е ваш. Денес објавата може да стигне до многу луѓе, утре речиси до никого.
Затоа, паметниот дигитален систем не се гради само на социјални мрежи. Социјалните мрежи треба да создадат интерес. Но веб страната треба да го претвори тој интерес во доверба, контакт, побарување или продажба.
Facebook и Instagram се почеток на разговорот
Кога некој ќе ве види на Facebook или Instagram, најчесто тоа е прв момент на внимание. Можеби видел објава. Можеби стори. Можеби реклама. Можеби препорака. Можеби некој му споделил ваш пост. Тоа е важно, затоа што без внимание нема ни продажба. Но вниманието не е исто што и одлука.
Едно е некој да ве забележи. Друго е да ви верува. Трето е да одлучи да ве контактира, да побара понуда или да купи. Социјалните мрежи се одлични за првиот чекор. Но често не се доволни за целата продажна патека. Зошто?
Затоа што таму сè е брзо. Објавата трае кратко. Корисникот скрола. Веднаш до вас има конкурент, meme, видео, реклама, приватна порака, известување и уште десет работи што го одвлекуваат вниманието.
Веб страната е поинаква.
Кога некој ќе дојде на вашата веб страна, тој веќе покажал поголем интерес. Тој веќе направил чекор повеќе. Тука треба да го пречекате со јасна понуда, доверба и следен чекор.
Веб страната е вашата дигитална база
Вашата веб страна е место каде што вие ја контролирате приказната.
Вие одлучувате како ќе биде претставен бизнисот. Како ќе биде објаснета понудата. Кои услуги ќе бидат истакнати. Кои производи ќе бидат прикажани. Кои докази за доверба ќе ги покажете. Каде ќе стои повикот за акција. Како ќе изгледа продажната патека.
На социјалните мрежи сте дел од туѓ систем.
На веб страната градите сопствен систем.
Таму можете да имате структура, landing страници, блог текстови, SEO оптимизација, контакт форми, понуди, WooCommerce продавница, резервации, автоматизации, email листа, analytics, remarketing и многу други елементи што работат долгорочно.
Со други зборови, социјалните мрежи се канал. Веб страната е база.
Зошто не е доволно „работиме преку Facebook“
Многу мали и средни бизниси велат: „Ние немаме потреба од веб страна, клиентите ни пишуваат на Facebook и Instagram.“ И, да, тоа може да функционира некое време.
Но прашањето е: дали е доволно стабилно?
Што ако досегот падне? Што ако профилот биде ограничен? Што ако рекламите поскапат? Што ако клиентот сака повеќе информации, но не може лесно да ги најде? Што ако сака да спореди услуги, да види процес, да прочита детали, да добие чувство дека бизнисот е сериозен?
Социјалниот профил е добар за комуникација.
Но веб страната е подобра за доверба, структура и одлука.
Ако некој ве открие на Instagram, логичниот следен чекор е да може да ве провери на веб страна. Да види што точно нудите, за кого е понудата, како работите, зошто да ви верува и како да ве контактира.
Без веб страна, клиентот често останува само со неколку објави и пораки во inbox.
Тоа не е секогаш доволно за посериозна одлука.
Веб страната ја продолжува продажната приказна
Добрата дигитална комуникација треба да биде поврзана. Објавата на Facebook или Instagram треба да создаде интерес. Рекламата треба да донесе посетител. Веб страната треба да ја преземе комуникацијата. Таа треба да му каже на посетителот:
- Ова го правиме.
- Ова е за вас.
- Ова е проблемот што го решаваме.
- Ова е вредноста што ја добивате.
- Ова се причините да ни верувате.
- Ова е следниот чекор.
Кога ова е добро поставено, веб страната станува природно продолжение на социјалните мрежи. Не конкуренција. Не замена. Туку центар на системот.
Проблемот со објави без јасна дестинација
Една од најчестите грешки во дигиталниот маркетинг е кога бизнисот редовно објавува, но нема јасна дестинација за интересот што го создава.
Објавата вели: „Погледнете ја нашата понуда.“ Но каде точно?
Објавата вели: „Контактирајте нè.“ Но зошто клиентот да го направи тоа токму сега?Објавата вели: „Имаме одлична услуга.“ Но каде може да се прочита повеќе?
Ако секоја комуникација завршува само со „пиши ни во inbox“, тогаш целиот процес зависи од моменталната волја на посетителот.
Веб страната го прави процесот посериозен. Таа му дава место каде што може да прочита, да размисли, да спореди и да донесе одлука.
Веб страната ви дава сопственост
Една од најголемите предности на веб страната е сопственоста. Вашата веб страна е ваш дигитален имот.
Социјалните профили се важни, но тие се изградени на туѓа платформа. Вашата публика е таму, но не е целосно под ваша контрола.
На веб страната можете да собирате lead-ови, email контакти, аналитика, податоци за однесување, форми за побарување, нарачки, резервации, членства, кориснички профили и продажни процеси. Тоа е многу повредно од една објава што исчезнува по 24 или 48 часа.
Добар веб систем создава долгорочна вредност.
SEO работи долгорочно, објавите траат кратко
Социјалните објави имаат краток живот. Денес се видливи. Утре веќе се турнати надолу. По една недела речиси никој не ги гледа, освен ако не ги промовирате повторно.
Блог текстовите и SEO содржината работат поинаку.
Добро напишан и оптимизиран блог пост може да носи посети со месеци или години. Страница за услуга може да се појавува на Google кога некој активно бара решение. Landing страница може да се користи повторно во кампањи. WooCommerce производ може да се рангира и да продава.
Oва е суштинската разлика!
– Социјалните мрежи создаваат моментално внимание.
– Веб страната гради долгорочна видливост.
Најдобар резултат се добива кога системот е поврзан
Не е прашањето дали треба да користите Facebook и Instagram или веб страна. Одговорот е: треба да работат заедно.
Facebook и Instagram треба да носат внимание, интерес и комуникација. Веб страната треба да носи структура, доверба, информации и конверзија. LinkedIn може да гради рофесионален авторитет. Blog може да гради SEO и едукација. Landing страниците може да ја претворат рекламата во побарување. Email листата може да ја продолжи комуникацијата.
Но без веб страна како центар, целиот систем останува расфрлан.
Каква веб страна му треба на бизнис што веќе е активен на социјални мрежи?
Не мора секогаш да биде голем и комплициран сајт. Понекогаш доволна е јасна, брза и добро поставена презентациска веб страна. Понекогаш треба landing страница за конкретна кампања. Понекогаш треба WooCommerce продавница. Понекогаш треба блог за SEO и едукација. Понекогаш треба систем за резервации, форми, автоматизации или lead generation.
Важно е веб страната да не биде само „линк во био“. Таа треба да биде место што го води посетителот до конкретна акција.
Уште еднаш
Социјалните мрежи се важни. Но тие не се доволни како единствена основа за дигиталното присуство на бизнисот. Тие создаваат интерес. Веб страната гради доверба.
Социјалните мрежи носат внимание. Веб страната го води посетителот до контакт.
Социјалните мрежи се канал.
Веб страната е ваш терен.
Ако веќе вложувате време, енергија и пари во Facebook, Instagram или LinkedIn, тогаш потребна ви е веб страна што ќе го преземе тој интерес и ќе го претвори во резултат.
Затоа добрата веб страна не е дополнителен трошок.
Таа е основа на целиот дигитален систем.