Вашата WordPress веб-страница треба да работи за вашиот бизнис.
Професионално одржување, редизајн, SEO оптимизација и WooCommerce поддршка. Решаваме технички проблеми и градиме веб-страници што создаваат доверба, побарувања и продажба.
Сајтот постои. Но дали навистина работи за вашиот бизнис?
Лошото корисничко искуство, слабата техничка состојба и нејасната продажна структура влијаат на резултатите, дури и кога имате посетители.
Бавен и застарен
Побавно вчитување, застарен изглед и лош мобилен приказ создаваат пречки во користењето.
Без редовно одржување
Неажурирани додатоци, недоволни резервни копии и нерешени грешки го зголемуваат ризикот.
Не носи доволно побарувања
Посетителите немаат јасен следен чекор, понудата не е убедливо претставена, а конверзиите изостануваат.
WordPress service — сè што ѝ треба на вашата веб-страница.
Од техничка грижа до комплетна преработка и развој. Го препорачуваме решението според реалната состојба на вашиот проект.
WordPress одржување
Ажурирање на WordPress, теми и додатоци, проверки, исправки и техничка поддршка.
Backup и сигурност
Резервни копии, основни безбедносни проверки и план за постапување при проблем.
Редизајн и UX
Подобра навигација, посовремен изглед и мобилно искуство усогласено со брендот.
SEO и перформанси
Техничка SEO основа, подобрување на брзината, структурата и содржината.
WooCommerce
Развој, оптимизација и поддршка на продавници, плаќања и нарачки.
Landing страници
Посебни страници за реклами и кампањи, со јасна порака и повик за акција.
Каде сте сега?
Одберете ја ситуацијата што најдобро ве опишува. Така полесно ќе го дефинираме вистинскиот следен чекор.
Имам сајт, но никој не го одржува
Почнуваме со технички преглед и план за одржување.
Имам сајт, но изгледа застарено
Разгледуваме редизајн, UX и содржинска структура.
Имам продавница, но не продава доволно
Ги проверуваме корисничкиот пат, checkout и техничките пречки.
Ми треба нова веб-страница
Правиме структура, функционална спецификација и понуда.
Четири чекори до подобра веб-страница.
Го разгледуваме проектот
Вашите цели, постоечката состојба и главните проблеми.
Даваме конкретна насока
Препорака, опфат, приоритети и индивидуална понуда.
Изработуваме и тестираме
Контролирани измени, проверка на функционалностите и пуштање.
Продолжуваме со поддршка
Одржување и подобрувања според договорениот опфат.
Работа што можете да ја видите.
Избрани веб-проекти реализирани од Digital Media Creative Pro. Погледнете како изгледаат решенијата во практика.



Довербата се гради со работа.
Digital Media Creative Pro ни изработи лендинг страница што директно генерира нарачки, со јасна продажна структура и одлична интеграција со Meta кампањи.
Астибо Бејзик
Сѐ беше реализирано професионално, во договорен рок и според највисоки стандарди – со јасна стратегија, креативност и техничка стручност.
Dolce Macedonia
Со Digital Media Creative Pro соработуваме од 2008 година. Тимот континуирано се грижи за нашите веб страници, техничкото одржување и дигиталниот развој.
Источен плански регион
Кратки одговори пред првиот разговор.
Дали работите и на постоечки WordPress веб-страници?
Да. Одржуваме, поправаме, редизајнираме и надградуваме постоечки WordPress веб-страници. Пред почеток правиме проценка на нивната состојба.
Што опфаќа техничкото одржување?
Според договорениот обем, одржувањето може да вклучува ажурирања, резервни копии, проверки, исправки и помали измени. Обемот, фреквенцијата и времето на реакција се дефинираат во понудата.
Дали има фиксни ценовни пакети?
Не. Подготвуваме индивидуална понуда според состојбата на веб-страницата, бараниот опфат и приоритетите на вашиот бизнис.
Колку брзо можете да започнете?
Почетокот зависи од тековниот распоред, итноста и сложеноста. По првичниот разговор ќе предложиме реален термин и план.
Дали се вклучени хостинг и лиценци?
За нови проекти, првата година на хостинг и домен може да биде дел од договорената понуда. Лиценците и услугите од трети страни ги наведуваме експлицитно во опфатот.
Испратете ни го сајтот или идејата. Ќе ви предложиме решение.
Оставете линк до постоечката веб-страница и кратко објаснување за проблемот или посакуваниот резултат. Ќе добиете конкретна насока и понуда според обемот на работата.
✓ Без непотребни услуги
✓ Директен контакт со нашиот тим