Топ 5 грешки што бизнисите ги прават со својата веб страна и маркетингот на социјалните мрежи

Во денешно време, не е доволно само да имате веб страна и профил на Facebook или Instagram за вашиот бизнис. Доколку не се внимателни, многу бизниси паѓаат во истата замка – инвестираат време и пари, а резултати – слабо, неретко и ги нема! Ако сакате вашиот бренд да расте дигитално, мора да ги избегнете овие 5 чести грешки:

Веб страна без стратегија и цел

Повеќето бизниси прават веб страна само „за да ја имаат“. Но веб страната е вашата онлајн продавница, каталог и прва импресија – и мора да биде насочена кон конверзии! Без јасно дефинирана цел, посетителите заминуваат без да преземат акција.

Веб страната е „жива материја“ – како што секојдневно живее бизнисот, така и таа. Како што и продавницата или канцеларијата имаат динамика и свое секојдневие, така е и со веб страната. И ако вашето „зошто“ ја имате веб страна

Совет: Направете план – зошто постои вашата веб страна и што сакате корисникот да направи!

Маркетинг на социјални мрежи без конзистентност

Бизнисите често објавуваат само кога „се има време“ или само кога имаат некоја акција. Социјалните мрежи бараат постојана комуникација, доследен тон и естетика.
Алгоритмите „казнуваат“ неактивност!

Совет: Планирајте неделно или месечно! Креирајте календар со објави и распоред.

Непрофесионален дизајн и слаба оптимизација на веб страната

Стара, нефункционална, бавна и неодржувана веб страна – сигурен начин клиентите да ја изгубат довербата во вашиот бренд. Google ги рангира само оние страници што се брзи, сигурни и SEO пријателски. А и клиентите – ако кликнат, и не ми се отвара страната, одат да бараат следна, Вашата ќе ја заборават.

Совет: Инвестирајте во професионален веб дизајн и редовно одржување. Брзината и безбедноста носат резултати!

Непознавање на таргет публика

„Сите ми се клиенти!“ е една од најголемите заблуди. Без точно познавање на вашата публика, и веб страната и маркетингот стануваат само фрлени пари. Од клучна важност е да имате детално разработен профил на вашиот идеален клиент. И кога тоа ќе го имате, тогаш сите активности имаат јасна насока и предвидливи резултати.

Совет: Дефинирајте аватари на вашите идеални клиенти – што сакаат, каде се движат и како размислуваат.

Отсуство на јасен повик за акција (CTA)

Посетителите на веб страната, а и конзументите на вашата содржина на социјалните мрежи, нема сами да „погодат“ што сакате од нив. Веб страната и постовите на социјалните мрежи мора да имаат јасен повик за акција: купи, закажи, контактирај, научи повеќе.

Совет: Не плашете се да барате од клиентите да направат следен чекор. Јасен и привлечен CTA секогаш носи резултат!

Веб страната и маркетингот на социјалните мрежи се двете најважни алатки за вашиот дигитален успех. Но само кога се користат правилно, тие стануваат моќен двигател за раст и профит. Избегнете ги овие 5 грешки и набљудувајте како вашиот бренд расте, а клиентите сами доаѓаат кај вас!

За да имате веб страна која ќе ве продава 24/7, што ќе работи за вас и маркетинг стратегија за комуникација и продажба на социјални мрежи што носи резултати – контактирајте нѐ! Ние сме тука за вашиот дигитален успех!

Ознаки:

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.