10 начини за подобрување на вашата е-продавница за поголема продажба

Е-продавницата е вашиот онлајн продавач кој работи 24/7 за вас. Но, дали таа навистина продава колку што може? Дали е потребно подобрување на е-продавница?

Во нашите 30 години искуство во маркетинг и продажба, вклучувајќи повеќе од една деценија во дигиталниот свет, сме виделе како мали промени носат големи резултати. Споделуваме 10 начини како да ја подигнете вашата онлајн продажба на следно ниво.

1. Брзина на вчитување

Бавните страници убиваат продажба. Ако е Вашата една од ваквите, тогаш итно реагирајте! Оптимизирајте слики, користете CDN и проверете го хостингот. Што поскоро, толку поголеми шанси за нарачки.

2. Mobile first дизајн – оптимизација за мобилни уреди

Над 70% од посетителите купуваат преку телефон. Дизајнот мора да е mobile-first, без непотребно зумирање и скролање.

3. Јасна навигација

Категориите и филтрите треба да бидат логични и лесни за користење. Купувачот не смее да се губи. Напротив, помогнете му полесно да го пронајде тоа што му треба, но без комплицирање.

4. Оптимизирани страници за производи

Краток опис за преглед, детален опис за оние што сакаат повеќе информации. Користете висококвалитетни фотографии и, ако е можно, видео. Имате ли производи само со слика и цена, самите си создавате загуба. Да, важно е сите детали за производот да е на страницата. А како ќе ви продава без детали? Продавачите во „физичка“ продавница мораат да знаат се, нели? Епа – исто е.

5. Препораки и крос-продажба

Предложете поврзани производи („Купувачи кои го купија ова, купија и…“) и креирајте пакет понуди.

6. Едноставен процес на нарачка

Колку помалку чекори, толку подобро. Купување без најава и профил на сајтот (со најава како гостин), автоматско пополнување полиња и јасни опции за плаќање се клучни.

7. Доверба и безбедност

SSL сертификат, видливи податоци за контакт и јасна политика за враќање на производот и пари ја зголемуваат довербата на клиентите.

8. Акции и попусти со јасен CTA

Секој попуст треба да има јасен повик за акција: „Нарачај сега“, „Последни 24 часа“, „Само за првите 10 купувачи“.

9. Интеграција со социјални мрежи

Споделувајте производи на Facebook и Instagram, користете реклами со таргетирана публика и линкови до е-продавницата.

10. Континуирано тестирање и анализа

Следете ги податоците преку Google Analytics и Meta Pixel. Анализата покажува што функционира, а што треба да се смени.

Бонус совет

Најголемиот раст го гледаат оние што постојано работат на оптимизација, а не само кога ќе „застане“ продажбата. Инвестирајте во оптимизација, во техничка поддршка и подобри хардверски ресурси. Онлајн продажба си бара внимание подеднакво како и физичката продажба.

Дали сакате вашата е-продавница да донесува повеќе продажба?
Побарајте бесплатна консултација и ќе ви покажеме конкретни чекори за зголемување на резултатитеи продажбата. Закажете си состанок со нас во нашиот календар, денес!

Ознаки:
ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.